Залепете го ОВА на задното стакло на автомобилот и веќе никој, никогаш нема да впери долги светла во вас

На возачите во Кина им здосадиле оние кои ги злоупотребуваат долгите светла и одлучиле да се осветат на прилично морбиден, а веројатно и прилично опасен начин.

 

Секогаш е иритантно (а да не зборуваме и противзаконско) кога во вашиот ретровизор ќе заблескаат долгите светла на автомобилот зад вас.

Како би им ставиле крај, Кинезите започнале продажба на морбидни налепници за задните стакла за автомобилите. Духовите и чудовиштата, тврди произведувачот, се појавуваат само кога во стаклото ќе биде вперена силна светлина.

Секако, на полицијата баш и не и се допаѓаат овие налепници, па ги казнува и возачите кои ги имаат залепено, со оглед на тоа што само прашање на време е кога таквиот „дух“, односно преплашениот возач ќе предизвика несреќа.

Произведувачот тврди дека налепниците се гледаат само кога ќе бидат осветлени од долги светла.

Loading...