Lada 4x4 (Niva) Orange Edition: Клима уред, алуминиумски бандажи, ABS, серво...

Толку пати ја погребуваа, најавува нејзина наследничка, но Лада Нива и натаму му одолева на времето.

 

Иако поминаа 40 години од раѓањето на најпознатиот производ на советската и руската автомобилска индустрија, легендарната Нива и натаму е меѓу најпродаваните теренци во својата земја.

Деновиве претставени се две нови едиции Лада 4х4. Тоа се Orange Edition и Black Edition.

Името на едицијата ја означува бојата на каросеријата - металик портокалова или црна. Двете верзии се препознатливи и по алуминиумските бандажи, но и по внатрешноста со клима уред, електрични ретровизори, подобрена изолација...

Ако се знае дека овој автомобил веќе неколку години има ABS и серво, тогаш може да се каже дека се работи за „модерен олдтајмер“. Цената 510 илјади рубљи (околу 7.400 евра).

спонзориран линк:
Loading...