Купил „Голф“ за 500 евра, а сега го продава за 19.000!

Во Германија првиот модел на „Голф“ произведен далечната 1983 година се продава за неверојатни 19.000 евра.

 

Извесен Патрик Миелке од Штутгарт на сајтот Mobile.de поставил оглас во кој за примерокот од првата генерација „Голф“ бара 19.000 евра.

Неговиот автомобил е значително изменет, моторот е надградуван, па наместо стандардните 110 развива неверојатни 600 коњски сили.

Исто така, офарбан е со специјална боја, а вградени се и големи црвени алуминиумски фелни. Во огласот се наведвуа дека автомобилот произведен 1983 година поминал само 5.000 километри, а на сликите може да се забележи дека внатрешноста на возилото е во исклучителна состојба.

спонзориран линк:

(adverts)