„Тесла“ почна да прави и „народни“ автомобили

Производителот на автомобили на електричен погон со промоцијата на „Модел 3“, наменет за широкиот пазар, го почна долгоочекуваното излегување од сегментот на луксузни автомобили.

Основниот модел на помалиот електричен автомобил би требало да чини околу 35.000 долари, што е за половина поевтин од цената на досегашните модели.

 

Основачот на компанијата, Елон Муск, го најави првиот примерок на „Модел 3“ веќе за в петок.

Првите 30 купувачи ќе го добијат автомобилот на промотивната забава планирана за 28 јули. Од декември годинава „Тесла“ ќе произведува по 20.000 примероци на „Модел 3“.

„Модел 3“ беше претставен во март 2016 и многу брзо беа нарачани 400.000 автомобили од купувачите, кои положиле кауција од 1.000 долари.

„Тесла“ минатата година произведе 84.000 автомобили, сите од категоријата луксузни и скапи возила. Компаниските планови се да произведат пола милион возила до наредната година и околу еден милион до крајот на 2020 година.

 

Loading...