Зошто штрковите го сакаат „фиќото“: Спот за автомобилот од Крагуевац кој го запали интернетот!

Додека во Крагуевац во тек се драматични преговори помеѓу раководството и работниците во фабриката на Fiat, нивниот заеднички производ доживеа сензационален интернет успех.

 

Маркетиншката агенција Leo Burnett направила спот под наслов „Повеќе простор за наредните генерации“ кој го опишува единствениот карактер на Fiat 500L, односно новиот модел на „фиќо“.

Спотот прикажува штрк кој носи бебе и го спушта пред една куќа. Тогаш, штркот забележува дека пред другата куќа е паркиран нов 500L.

Штркот сфаќа дека направил „грешка“, па го преместува бебето во куќата пред која е паркирано „фиќото“, по што бебето среќно се смее.

Погледнете:

Loading...