Јужна Кореја: Челникот на Sumsung осомничен во корупциски скандал

Наследникот на Sumsung, Ли Јае-јонг ќе биде интервјуиран како осомничен во курупциски скандал поврзан со отповиканата претседателка на Јужна Кореја, објави британски BBC.


Компанијата е обвинета за давање донации за непрофитни фондации управувани од Чои Сун-сил, блиска пријателка на претседателката Парк Геун-хјуи.
Наводно донацијата била направена во замена за политичка поддршка на контроверзно спојување на две компании.
Челникот на Samsung во четврток ќе се соочи со специјалните обвинители, јавија официјални лица. Тој веќе е сослушан од страна на политичари во врска со скандалот на собраниска расправа.
Samsung одби да коментира.

спонзориран линк:

(adverts)