Rolls-Roys пријави рекордна загуба од 4,6 милијарди фунти

Плаќањето оштета за поткуп и падот на фунтата го турнаа инжинерскиот гигант Rolls-Roys во рекордна загуба, пишува британски BBC.

 

Производителот на авионски мотори пријави загуба пред оданочувањето во износ од 4,6 милијарди фунти за 2016 година.

Претходно оваа година, компанијата се согласи да исплати 671 милиони фунти да ги решат случаите на корупција со властите во Велика Британија и САД.

Имајќи предвид дека повеќето договори се вршат во долари, компанијата беше силно погодена од кризата на фунтата по гласањето за Brexit и беше принудена да отпише 4,4 милијарди фунти од договори поврзани со валутата.

Основната добивка, која не ги вклучува еднократните трошоци, падна на 813 милиони фунти од 1,4 милијарди фунти претходната година, иако падот е многу помал од предвидувањата на многу аналитичари.

Компанијата соопшти дека прогнозата за оваа година е „скромно подобрување на перфомансот“, додека извршниот директор Ворен Ист рече дека многу треба да се направи за да се подобрат профитните маржи. Компанијата сега е во процес на големо кратење на трошоците.

Rolls-Roys се извини „безрезервно“ за случаите на корупција, која траела 25 години. Имено, компанијата нелегално ангажирала локални посредници и плаќала поткуп за да издејствува договори во Индонезија, Тајланд, Кина и Русија./извор:Макфакс

Loading...