Нов рекорд на Волстрит, лидерите на секторите на консултации кај Трамп

На њујоршки Волстрит во понеделникот берзанските индекси достигнаа нови рекордни нивоа, трет ден по ред, бидејќи вложувачите очекуваат дека даночната реформа, која ја најави американскиот претседател Доналд Трамп, го поттикнаа побрзиот раст на економија.

И на европските берзи во понеделникот лондонски FTSE индекс зајакна за 0,28 отсто, на 7.278 поени, додека франкфуртскиот DAX порасна за 0,92 процент, на 11.774 поени, а парискиот индекс CAC за 1,24 отсто, на 4.888 индексни поени.

На њујоршки Волстрит, пак, индексот Dow Jones зајакна за 0,70 отсто, на 20.412 поени, додека индексот S&P 500 скокна за 0,52 проценти, на 2.328 поени, а Nasdaq индексот се зголеми за 0,52 отсто, на 5.763 индексни поени.

Освен што во понеделникот S&P 500 достигна ново највисоко ниво во историјата, пазарната вредност на сите акции во системот на овој на индекс надмина првпат 20.000 милијарди долари.

Новите највисоки нивоа на индексите на Волстрит дојдоа благодарејќи на оптимизмот кај вложувачите откако Трамп минатата седмица порача дека наскоро следува даночното растоварување на американските компании.

Од 8-ми ноември, кога Доналд Трмап победи на американските претседателски избор, индексот S&P 500 порасна за 9 отсто, токму благодарејќи на неговите ветувања за намалувањето на даноците, зголемувањето на фискалната потрошувачка и ублажувањето на регулацијата во поедини сектори.

Извесен период пазарот го загуби залетот, бидејќи Трамп не зборуваше многу за економските политики кои има намера да ги води, но неговото намалување на даноците и како најава повторно ги охрабри вложувачите. Покрај тоа, Трамп одржа низа состаноци со лидерите на најважните сектори, на пример, технолошкиот и автомобилскиот.

„Од ден во ден лидерите од различните индустрии доаѓаат во Белата куќа на консултации со Трамп. Се чини дека бизнисот не е на задното седиште на возилото и мислам дека тоа е причината поради којашто вложувачите се подготвени да платата малку повеќе за акциите“, вели за Reuters Џејми Кокс, партнер во компанијата „Harris Financial Group“.

Позитивно на пазарите влијаат и на макроекономските податоци кои укажуваат на јакнењето на најголемите светски економии, од Кина и Јапонија, до еврозоната и САД.

„Она што ја подржува целата реторика на Трамп е тоа што фундаментите во светот, вклучително и во САД, стануваат подобри“, вели Брент Шуте, стратег во фондот „ Northwestern Mutual Wealth Management“.

Поддршката на пазарите во понеделникто и дадоа и подобрите од очекуваните квартални деловни резултати на компаниите, Досега повеќе од 70 отсто од компаниите, чиишто акции се во составот на S&P 500 индексот ги објавија финансиските извештаи, при што повеќето остварија подобри резултати отколку што предвидуваа аналитичарите, кои инаку поставуваат ниски граници.

Најмногу во понеделникот, за 1,1 отсто, скокнаа цените на акциите во финансискиот сектор, додека во индустрискиот сектор зајакна за 1 отсто. Овие два сектора може да има најмногу полза од најавените политики на Трамп.

Loading...