СУПЕР ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ: Државата ќе дели по 12.000 денари месечно за....

Со промените, граѓаните избраа живот за сите во Македонија, соопштуваат од СДСМ, објавувајќи ја оваа мерка и додаваат:



Државата ќе ги заштити најзагрозените семејства и граѓани.

Секое четиричлено семејство кое живее во сиромаштија и не остварува никаков друг приход ќе добие месечно по 12.000 денари од државата.

Семејствата со приход под 12.000 денари ќе ја добиваат разликата до 12.000 денари. На пример, ако едно семејство остварува месечен приход од 4.000 денари, од државата ќе добива плус 8.000 денари секој месец.

Ако денес имаше 12.000 денари загарантиран приход во секое семејство што живее во сиромаштија, ќе имаше доволно пари во секој дом и за храна и за греење во овие студени зимски денови.

Тажната вистина што секојдневно ја гледаме е дека очајни родители јавно бараат помош од хуманите граѓани за корка леб. Тоа е така бидејки социјалната помош од државата е под секое достоинствено човеково ниво, додека криминалното раководство од власта изнесе над 5 милијарди евра пари на граѓаните на свои сметки во странство. А сметките на граѓаните се натрупани неплатени и затоа многу семејства ги минуваат празниците во темно, во студено и гладни.

Над 500.000 граѓани во земјава живеат вака тешко, под прагот на сиромаштија. Според официјални статистики, најмалку 180.000 граѓани преживуваат со само 40 денари на ден.

Оваа мерка, по 12.000 денари за семејствата без приход е само дел од Програмата за извлекување од сиромаштија во Планот за живот. Во него предвидувме и низа други мерки што ќе ги намалат животните трошоци, а ќе создадат услови за работа на граѓаните. Нашата цел е со политиките на социјална заштита, постепено, лицата кои живеат во сиромаштија, да ги извлечеме од сиромаштија.

За тоа е потребна нова одговорна Влада на граѓаните во Македнија и совесни институции што водат реални политики во нивен интерес. Од 2017 година почнуваме да го создаваме животот што го избравме!, велат од СДСМ.

Loading...