Растот на банкарските акции ги зголеми берзанските индекси во САД

Американската берза бележи умерен раст, кој е поттикнат од порастот на вредноста на кациите на банките.

 

Приносите на државните обврзници пораснаа по изјавата на претседателката на Федералните резерви, Џенет јелен, дека централната банка и понатаму, постепено, ќе ги крева референтните каматни стапки.

Индексот Стандард и Пур 500 пораснал за 0,3 отстп, колку што пораснал и индустрискиот индекс Дау Џоунс, додека Насдак бележи раст за 0,2 отсто.

Каматите на десетгодишните обврзници пораснале на 2,47 отсто од вчерашните 2,43 отсто, каматите на двегодишните обврзници пораснале од 1,21 на 1,23 отсто, а на камтите на триесетгодишните обврзници пораснале од 3,03 на 3,07 отсто./извор:Макфакс

Loading...