На Волстрит рекорди петти ден по ред

На Волстрит во средата берзанските индекси достигна нови рекордни нивоа, петти ден по ред, благодарејќи на податоците за јакнењето на американската економија и уверувањето на вложувачите дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе ги исполни ветувањата за намалувањето на даноците.

 

И на европските берзи во средата цените на акциите пораснаа. Лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,47 отсто, на 7.302 поени, додека франкфуртскиот DAX порасна за 0,19 проценти, на 11.793 поени, а парискиот CAC за 0,59, на 4.924 индексни поени.

На њујоршки Волстрит индексот Dow Jones скокна за 107 поени или 0,52 отсто, на 20.611 поени, додека S&P 500 се зголеми за 0,50 проценти, на 2.349 поени, а Nasdaq индексот за 0,64 отсто, на 5.819 поени.

Индексот S&P 500 порасна во средата седми ден со ред, што е негов најдолг позитивен тренд од септември 2013 година, при што пети ден последователни достигнува рекордни нивоа.

Оптимизмот на пазарите е поради подобрите од очекуваните податоци за растот на прометот во трговијата на мало и во потрошувачките цени во јануари, што укажува на забрзување на растот на американската економија.

На средбата со лидерите од трговскиот сектор Трамп повтори дека значително ќе ги намали даноците, и ќе ги поедностави даночните закони, што го најави и минатата седмица. Неговите ветувања за намалување на даноците, зголемување на фискалната потрошувачка и олабавување на регулацијата во поедини сектори ги поддржуваат пазарите на капителот од почетокот на ноември кога победи на изборите.,

Се очекува дека тие потези ќе го поттикнат побрзиот раст на економијата, а поради тоа Американската централна банка Federal Reserve (Fed) може да го забрза темпото на зголемување на каматните стапки. Вчера на вториот ден од сведочењето во Конгресот за монетарната политика, претседателката на Fed, Џенет Јелен насочи дека каматите би можеле да бидат зголемени веќе на следната седница на челниците во март./извор:Макфакс

Loading...