Полска нема да го прифати еврото како валута уште 10 до 20 години

Полска нема да го прифати еврото како валута во земјата уште барем 10 или 20 години, изјави полскиот вицепремиер Матеус Мораветци, пренесува во четвртокот “Блумберг”.

 

Според зборовите на вицепремиерот, ако земјата се лиши од алатки, како можноста за издавање на долг, определување на каматните стапки и слободно печатење на конвертибилна валута, таа “наскоро ќе сожали” за својата одлука.

“По 10-20 години, кога клучните параметри на економијата ќе ни се слични на оние кои постојат во Германија, Франција и Холандија, ќе ја разгледаме можноста”, рече тој./извор:Макфакс

спонзориран линк:
Loading...