На врвот по промет акцијата на Макпетрол

Акцијата на Макпетрол АД Скопје во четврток се најде на врвот со остварени 28,5 милиони денари со истргувани 1.018 лотови по просечна цена од 27.998,18 денари.

 

Истргуваната количина претставува 0,9 отсот од вкупниот број на издадени акции од Макпетрол при што оствареното учество во вкупниот остварeн промет вчера изнесуваше високи 93,5 отсто.

Најголем раст кај акциите од 2,55% со истргувани 200 лотови по просечна цена од 161,00 денари забележа акцијата на Макошпед АД Скопје, а по неа се рангираше акцијата на Макпетрол АД Скопје со раст од 1,81%.

Вкупниот промет изнесуваше 30,4 милиони денари и се реализираше преку 31 трансакција. Индексот МБИ-10 денот го заврши со раст од 0,13%, и изнесуваше 2.238,66 индексни поени, додека, пак, индексот на обврзниците порасна за 0,86% и моментално изнесува 129,64 индексни поени./извор:Макфакс

Loading...