Волво поради големите трошоци престанува да развива дизел мотори

Шведскиот производител на автомобили Волво не планира да развива нови дизел мотори бидејќи трошоците за намалување на штетните гасови станаа превисоки, рече во среда извршниот директор Хакан Самуелсон.

 

„Гледано од денешна перспектива, повеќе нема да развиваме нови генерации дизел мотори“, истакна Самуелсон во разговор за германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Тој додаде дека Волво ќе продолжи да ги развива моменталните модели со дизел погон воведени во 2013 година и оваа генерација мотори ќе се произведува до 2023 година.

Наместо дизел моторите, Волво ќе инвестира во електрични и хибридни автомобили, со првиот електричен модел кој на пазарот ќе се појави во 2019 година./извор:Макфакс

Loading...

JT Fixed Display