Пад на производството во кинеските фабрики

Производството во кинеските фабрики нагло падна во април поради заострување на условите за кредитирање во втората најголема светска економија.

 

Причина е и послабата побарувачка, покажуваат објавените податоци.

Индустриското производство во април пораснало за 6,5 отсто во однос на минатата година, објави кинескиот Државен завод за статистика, во однос на растот од 7,6 отсто во март и наспроти прогнозите на аналитичарите во анкетите на „Блумберг њуз“ дека растот ќе биде седум отсто./извор:Макфакс

Loading...

JT Fixed Display