Раздвижен трговски ден…

На врвот по прометот во среда повторно се најде акцијата на Стопанска Банка АД Скопје со истргувана количина од 4.512 акции по просечна цена од 943,21 денари. Оваа акција со вкупен промет од 4.255 милиони денари оствари учество од 29%.

 

На вчерашниот трговски ден помина една блок трансакции, со акциите на Македонска Берза АД Скопје во вкупна вредност од околу 1.056.330 милион денари и истргувани 30 акции по цена од 36.300 денари.

На листата на “милионерите” се запиша и акцијата на Алкалоид АД Скопје со остварен промет од 3,6 милиони денари. Се истргува количина од 646 акции преку 12 трансакции.

Интерес кај инвеститорите имаше и за акциите на НЛБ Банка АД со остварен промет од 1,31 милиони денари и истргувана количина од 125 акции преку 5 трансакции.

Интересни за инвеститорите во среда беа и акциите на Комерцијална, Охридска Банка и Гранит АД Скопје .

Индексот МБИ10 вчера во црвена територија, забележа пад на вредноста од 0,26 отсто и денот го заврши на вредност од 2.193,75 индексни поени. Индексот ОМБ остана на претходната вредност од 130,09./извор:Макфакс

Loading...