СВЕТСКИТЕ МИЛИОНЕРИ ПРОГНОЗИРААТ: Еве што не очекува!

Огромно мнозинство милионери на седум меѓународни пазари сметаат дека глобалното економско, политичко и финансиско опкружување денес е „понепредвидливо“ од било кога, но сепак значителен број од нив очекуваат дека дополнително ќе го зголемат своето богатство, покажува истражувањето на швајцарската банка UBS.

 

Истражувањето, кое го спровело организацискиот дел на UBS за управување со имот (UBS WM), опфатило 2.842 милионери во седум земји - Хонг Конг, Јапонија, Сингапур, Мексико, Италија, Швајцарија и Велика Британија - кои на располагање имаат најмалку милион долари за вложување, пренесе американската тв мрежа CNBC.

Според оваа студија, дури 82 отсто од испитаниците сметаат дека живеат во најнепредвидливиот период во историјата. Тие ги „идентификувале економските и финансиските ризици и имаат сериозни сомнежи во сверскиот коорпоративен и финансиски систем“, се наведува во истражувањето.

И покрај тоа, 51 отсто од нив очекуваат дека нивната финансиска ситуација дополнително ќе се подобри наредниве години, а само 13 отсто очекуваат дека ќе бидат посиромашни.

Изненадува и податокот дека младите милионери се повнимателни од постарите.

Loading...