И милионерите се жалат, но пак ќе се богатат

Мнозинството од милионерите на седум меѓународни пазари веруваат дека глобалното економско, политичко и финансиско опкружување сега е “понепредвидливо” од кога било, но сепак значителен број од нив очекуваат и понатаму да го зголемуваат своето богатство, според истражувањето на швајцарската банка УБС.

 

Истражувањето, спроведено од страна на организационите единици на УБС Асет Менаџмент опфати 2.842 милионери во седум земји- Хонг Конг, Јапонија, Сингапур, Мексико, Италија, Швајцарија и Велика Британија – кои имаат најмалку по еден милион долари за инвестиции, пренесува американската телевизиска мрежа CNBC.(Макфакс)

Loading...