Раст на цените на акциите на Волстрит, пад на европските берзи

Акциите на Волстрит во четврток пораснаа, по остриот пад ден претходно, додека инвеститорите внимателно го следат развојот на ситуацијата на политичката сцена во Вашингтон.

 

„Dow Jones“ зајакна 0,27 отсто, на 20.663 бодови, додека S&P 500 порасна 0,37 отсто, на 2.365 бодови, а „Nasdaq“ индексот 0,73 отсто, на 6.055 бодови.

Откако ден претходно го забележаа најголемиот пад во последните осум месеци, поголем од 1,7 отсто, во четврток индексите успеаја да надоместат дел од тие загуби.

На европските берзи во четврток паднаа цените на акциите, втор ден по ред, бидејќи расте несигурноста заради неизвесната судбина на американскиот претседател Доналд Трамп, по обвинувањата дека се обидел да влијае врз сојузна истрага.

Лондонски „FTSE“ индексот ослабе 0,89 отсто, на 7.436 бодови, додека франкфуртски „DAX“ се лизна 0,33 отсто, на 12.590 бодови, а париски „CAC“ 0,53 отсто, на 5.289 бодови./извор:Макфакс

Loading...

JT Fixed Display