Забрана за работа на 84 работодавци кои не ги почитувале препораките за топлотен бран

Министерството за труд и социјална политика информираше дека од 4 до 6 август државните инспектори за труд од областа безбедност и здравје при работа, извршиле вкупно 207 инспекциски надзори кај работодавци за почитување на препораките за топлотен бран, при што донеле 84 забрани за работа на работодавци кои не ги почитувале препораките да не се работи на отворено од 11 до 17 часот.

 

Инспекциски надзори кај работодавци биле вршени во дејностите градежништво, земјоделство, отпади, комунални услуги, конфекциски погон.

Најголем број од казните се за работодавци во градежништвото (67) и земјоделска дејност (13, пред сè овошни насади), додека по две забрани има во преработувачката индустрија и на локации за вадење мермер и песок, додаваат од Министерството.

Забраната за работа се однесува на конкретниот ден кога е регистрирано непочитување на препораките, потоа следи контрола и ако се увиди дека препораките повторно се кршат, следи прекршочна постапка.

Извор: Мета.мк

Loading...