По 10.000 евра НЕПОВРАТНИ СРЕДСТВА за млади земјоделци!

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска соопшти дека објавен е Јавен повик за доставување барања за користење финансиска поддршка од 10.000 евра неповратни средства за млад земјоделец, но со нови, променети критериуми за аплицирање.

 

Измените на критериумите се согласно Одлуката што ја донесе Владата за измена на Програмата за рурален развој во делот на мерката за помош на млади земјоделци за почнување земјоделска дејност.

- Станува збор за нови променети критериуми кои ќе помогнат средствата да завршат кај вистински земјоделци, соопшти Министерството.

Loading...