Речиси милион Срби годинава ќе летуваат во Грција

Директорот на српската национална асоцијација на туристички агенции, Александар Сеничиќ, изјавил дека оваа година во странство ќе летуваат околу милион српски туристи, од кои најголем дел ќе ја посетат Грција.

 

Очекувањата се до крајот на летната сезона бројот на српски туристи, кои летуваат во Грција во организација на туристичките агенции да биде меѓу 650.000 и 700.000, а заедно со индивидуалните аранжмани околу 950.000 туристи.

По Грција, Србите најмногу летуваат во Турција. Минатата година бројот на аранжмани во оваа земја бил намален поради терористичките напади, но оваа година интересот се вратил, па така 80.000 српски туристи ќе летуваат во турските одморалишта.

 

Loading...