Еве колку резерви на злато има Македонија и каде се наоѓа на светската листа!

Светскиот совет за злато објави листа на земји кои имаат најголеми резерви на злато, а на прво место се САД со 8.133,5 тона.

 

На листата се наоѓаат 100 најбогати земји. На второ место е Германија со 3.377,9 тона, а на трето Меѓународниот монетарен фонд со 2.814,0 тона.

Меѓу најбогатите земји се и Италија, Франција, Кина, Русија, Швајцарија, Јапонија и Холандија.

На Балканот, најмногу злато има Србија - 18,8 тона и се наоѓа на 63 место. Следи Македонија со 6,9 тона која се наоѓа на 77 место.

На 88 место е Словенија со 3,2 тона, а БиХ се наоѓа на 91 место со 3,0 тона.

Албанија се најде на 98 место со 1,6 тона, додека на последното, 100-то место е Монголија со 1,5 тона.

Loading...