Прво се радувал на работата на море, но наместо ветената плата и смештај го дочекале лебарки и нечовечки услови за работа

Иако за многумина летото е синоним за одмор и опуштање на море, некои брегот го гледаат како прилика за сезонска работа. Ветените плати и бројни понуди за Загрепчани се причина за да заминат на брег, но судејќи по нивните приказни, не е сè толку идеално...

 

Анонимен човек, за Загреб.инфо, го раскажал своето потресно искуство. Тој во Загреб дал отказ и на социјалните мрежи објавил дека бара работа на море.

Но, заработката и работата на кои им се радувал се претвориле во ноќен кошмар. Се вработил во познат задарски ресторан во кој барале келнер. Неговиот платен смештај наликувал на затворска келија. Го дочекале лебарки и глувци. Но, на невољите им немало крај. За плата од 5.000 куни, работел повеќе од 13 часа и тоа без слободен ден.

Работното време започнувало во 8, работеле до 16 часот, земале пауза од 2 часа и продолжувале со исто темпо од 18 часот до 1 наутро. Работата била уште потешка бидејќи работеле само двајца келнери, а третиот доаѓал повремено како помош. Не можел ниту да задржи бакшиш.

- Добро и коректно работев, добивав големи бакшижи, но не смеев да ги задржам, сè одеше кај работодавачот. Условите беа катастрофални, но на кого да се пожалиш? Не им беше грижа. Се будев наутро пред 8 и заспивав после 1, раскажал тој.

На крај, поради непроспиените ноќи во собата со лебарки, доживел нервен слом, ги собрал работите и си заминал. Но, приказната не запрела тука, бидејќи на мобилен му стигнувале пораки со необична содржина. Заклучил дека подобро би било за време на сезоната да работи во Загреб.

Loading...