Македонците се хранат најевтино

Македонците се хранат најевтино, покажува интражувањето на Евростат. Според истражувањето, најскапо се хранат во Швајцарија. Хотелите и рестораните во Хрватска се поевтини за 29 отсто од европскиот просек, но најнисски се цените во Црна Гора.

Повеќе: Македонците се хранат најевтино

Кузмановска: Издавањето државни хартии од вредност за СДСМ е зло или нормална активност

Во две недели откако е избран за министер за финансии Драган Тевдовски издаде државни хартии од вредност од 13,7 милиони евра или, како што велеше неговиот сопартиец Наумов, ја задолжи државата за 13,7 милиони евра, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе: Кузмановска: Издавањето државни хартии од вредност за СДСМ е зло или нормална активност

Ватикан е нај туристичка дестинација според „ Трипедвајзер“

Ватикан е на првото место според листата што ја објави „ Трипедвајзер“ за најпопуларни туристички тури и дестинации за 2017 година. Листата е направена врз основа на резервациите кои се направени од јануари 2016 година и се пресметани кои се најпопуларни атракции.

Повеќе: Ватикан е нај туристичка дестинација според „ Трипедвајзер“

Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ преку своите министри го правеше ОВА!

- Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ преку своите министри цели 11 години ги задолжуваше граѓаните прекумерно и нетранспарентно без тие да знаат за која цел се создаваат нови долгови што тие ќе ги плаќаат во иднина. Заврши времето на непродуктивни трошења и скапи задолжувања, што беше главна одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

Повеќе: Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ преку своите министри го правеше ОВА!

„Барклис“ е обвинета за измама во случајот Катар

Британската банка „Барклис“ и четворица поранешни раководители се обвинети за измама поради своите акции во финансиската криза во 2008 година. Случајот за сериозна измама се однесува на милијарда фунти што банката ги подигнала од инвеститори во Катар овозможувајќи избегнување владина финансиска помош.

Повеќе: „Барклис“ е обвинета за измама во случајот Катар

СУПЕР ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ: Растат пензиите, но ќе се зголеми и ...

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, на средба во општинската организација на СДСМ во Центар, порача дека СДСМ како чинител на власта ќе најде начин да ги направи пензиите одржливи, како и двапати годишно тие да се усогласуваат со трошоците за живот.

Повеќе: СУПЕР ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ: Растат пензиите, но ќе се зголеми и...

Јапонската компанија „Таката“ оди во стечај

Акциите на јапонската компанија „Таката“ забележале пад од 16,5 отсто откако медиумите известија дека компанијата ќе поднесе барање за стечај. „Таката“, според медиумите, својата актива има намера да ја продаде на една американска компанија.

Повеќе: Јапонската компанија „Таката“ оди во стечај

Речиси секој трет тендер е со еден понудувач

Во 2016 година дури 23 отсто од тендерите се целосно или делумно поништени. Почесто се поништувани поголемите отколку помалите тендери. Речиси секој трет тендер е со еден понудувач. Ова е последица, пред сè, на малата конкуренција евидентирана во првото полугодие од 2016 година. Ова се заклучоците од извештајот на Центарот за граѓански комуникации кој е објавен денеска. Извештајот се однесува на јавните набавки спроведени од институциите на централно ниво за периодот јуни – декември 2016 година.

Повеќе: Речиси секој трет тендер е со еден понудувач

Берза: Најтргувана акцијата на Макошпед

Блок-трансакцијата со акцијата на Макошпед АД Скопје го одбележа денешниот трговски ден. На самиот старт на тргувањето се преку администраторска блок-трансакција се релизираа 48.606 лотови по просечна цена од 495,00 денари. Во редовното тргување немаше ниту една трансакција денеска, последна просечна цена од 13.06., кога последен пат имаше трансакција со МКШД од 190,00 денари за една акција.

Повеќе: Берза: Најтргувана акцијата на Макошпед

Задолжување на домашниот пазар за 5 милиони евра

За сума од 345.000.000 денари, или околу 5,6 милиони евра, новата власт ќе се задолжи на домашниот пазар, сума идентична која достасува за враќање на стари долгови, веќе следниот ден, в среда.

Повеќе: Задолжување на домашниот пазар за 5 милиони евра

Страница 2 од 60

JT Fixed Display