Вести, забава, спорт...

Познат физичар тврди: За ураганите во Америка одговорни се тајни владини експерименти! (ВИДЕО)

Во интервју на Си-Би-Ес, светски познатиот физичар др Мичио Каку изјавил дека ураганите, како оние кои неодамна ги погодија САД, се резултат на владина програма за модификација на времето, а во експериментите небото е прскано со нано честички, а потоа бурите се „активирани“ со употреба на ласери.

Во интервјуто, физичарот говори за историјата на модификација на времето, пред екипата на Си-Би-Ес да го запре.

Програмата HAARP (High Frequency Active Auroral Research Program) е истражувачки проект кој сака да ги „разбира, стимулира и контролира процесите во јоносферата кои можат да ги изменат комуникациските и системите за набљудување“.

Започната е 1993 година и предложено е да трае 20 години. Според зборовите на некои функционери, HAARP на војската им овозможува и модификација на времето, така што наводно може да предизвика земјотреси, поплави и урагани.