Вести, забава, спорт...

Услови за користење

Договор

Следниот Договор за користење („Договор“) се однесува на користењето на sky.mk („веб-сајтот“).

Ве молиме прочитајте ги внимателно правилата кои се содржат во овој Договор. Вашето користење и/или регистрација на било кој дел од веб-сајтот претставува Ваше согласување со овие правила. Ако не се согласувате со овие правила, Ве молиме да не го користите овој веб-сајт. Покрај прегледувањето на овој Договор, Ве молиме прочитајте ја и нашата Политика на приватност. Вашата употреба на овој веб-сајт со нејзините услови, исто така.

Овој Договор може да биде изменуван од време на време. Датумот на најновата ревизија се појавува на оваа страница, така што препорачуваме да го проверувате често. Континуиран пристап кон овој веб-сајт од Ваша страна се толкува како прифаќање на сите промени или ревизии на Договорот.

Вашиот неуспех да ги следите овие правила, било наведени подолу или во написи и билтени објавени на други места на веб-сајтов, може да доведат до суспензија или прекин на Вашиот пристап до веб-сајтот, без претходна најава, покрај други мерки што може да ги преземе обезбедувачот на услуги.

Следење (Мониторинг)

Ние се трудиме да обезбедиме пријатно искуство на интернет за нашите корисници, така што може да следиме некои од активностите на веб-сајтот, како коментарите, форуми, лични огласи, муабети итн. со цел да обезбедиме усогласеност со овој Договор. Сите корисници на овој веб-сајт специфично се согласуваат со таквото следење. Од друга страна, ние не обезбедуваме гаранции дека: (1) веб-сајтот или било кој негов дел ќе биде набљудуван за да се обезбеди точност или неприфатливо користење, (2) дека изјави кои содржат факти ќе бидат проверени и потврдени, или (3) дека ќе преземеме определени специфични акции (или било какви активности) во случај на расправа во однос на придржувањето или непридржувањето до овој Договор.

Општи услови во однос на медицински информации
Овој веб-сајт не е форум за размена на медицински информации, совети или промоција на автодеструктивно однесување (на пр. нарушувања поврзани со исхраната, самоубиства). Имајте на ум дека овој веб-сајт не е соодветен извор на научно потврдени информации за овие теми. Наместо тоа, препорачуваме лично да разговарате со возрасно лице на кое му верувате или со лекар.

Информациите на овој веб-сајт се обезбедени само за образовни и забавни цели, и на ниеден начин не се наменети за обезбедување дијагнози, лекови, или процес на лечење на било какви медицински или други состојби. Секогаш побарајте совет од лекар или друг квалификуван обезбедувач на здравствени услуги пред да почнете со било каква нова дијета или промена на начин на исхрана, и прашајте го својот лекар доколку имате било какви прашања во врска со медицински состојби. Покрај сите други ограничувања и услови на овој Договор, обезбедувачот на услуги и третите страни поврзани со него не преземаат никаква одговорност во случај на штети поврзани со содржините обезбедени на овој веб-сајт.

Правила на користење:
Користење на информациите објавени на новинската агенција Скај од Ваша страна

Овој веб-сајт не е наменет за корисници помлади од 13 години и обезбедувачот на услуги свесно не собира лични информации за корисници помлади од 13 години.

Освен ако не е специфично определено со посебен договор, овој веб-сајт е наменет пред сè за лична употреба.

Вие се согласувате дека нема на било кој начин да го нарушувате, преземате контрола, напаѓате, модифицирате или да се мешате во работата на веб-сајтот и софтверот поврзан со него, хардверот и/или серверите на било кој начин. Исто така се согласувате да не се мешате во или да ја нарушувате употребата на овој веб-сајт од страна на другите корисници.

Обезбедувачот на услуги не ги одобрува, поддржува, поттикнува, охрабрува, верифицира или се согласува со коментарите, мислењата, или изјавите објавени од страна на корисниците во било која форма преку овој веб-сајт. Сите информации објавени на интернет, особено совети или мислења, се сопственост и одговорност на на лицата што ги објавиле и не ги претставуваат погледите на обезбедувачот на услуги или лица или организации поврзани со него. Вие се согласувате дека обезбедувачот на услуги или организациите поврзани со него не се одговорни кон Вас, ниту било што Ви должат, во однос на информации или материјали објавени од други, вклучително и содржини кои може да содржат елементи на навреда и клевета, илегален материјал или материјал што го нарушува овој Договор.

 

Реклами и надворешни линкови

Sky.mk користи повеќе платформи за рекламирање, при што воопшто не е одговорен за содржината на банерите, како и екстерните линкови кон кои водат банерите.

 

Дополнителни правила:
Обезбедувачот на услуги го резервира правото да објавува, од време на време, дополнителни правила за користење што се однесуваат на специфични делови на веб-сајтот. Таквите дополнителни ќе бидат објавени во соодветните делови на веб-сајтот. Вашата континуирана употреба на веб-сајтот претставува Ваша согласност со овие дополнителни правила.

Лично користење:

Сите граѓани имаат право бесплатно да се информираат на Скај (www.sky.mk).

 

Комерцијално користење ( особено за портали кои немаат заедничка соработка со Скај):

Строго е забрането пренесување на вести од Скај (www.sky.mk), без претходна договорена соработка на писмен начин.

Во случај на превземање без договор на авторска соддржина од Sky.mk, Новинската агенција СКАЈ има право да го фактурира износот за кој е оштетена компанијата по свои цени.*

* Вестите означени со извор: Макфакс, подлежат на авторски права на агенцијата Макфакс:

 

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Макфакс. Во спротивно Макфакс го задржува правото да го фактурира преземениот текст согласно својот ценовник и правила.

 

 

За договорена соработка помеѓу Sky и одредени портали потребна е взаемен договор за пренесување на вести, и тоа само авторски текстови на Sky.

  • последно ажурирано: 09 септември 2015