Вести, забава, спорт...

Најбруталниот пат на светот: 600 лежечки полицајци на 1000 метри

Возачите ширум светот негодуваат поради поставувањето „лежечки полицајци“ за успорување на сообраќајот.

Иако имаат функција да ја подобрат безбедноста, сепак лошо делуваат по механиката на возилата, односно го скратуваат векот на амортизерите.

Но, што да се каже за она што се случило во Кина. Таму на еден пат биле поставени 600 лежечки полицајци на должина од само еден километар.

Не е соопштено дали постои конкретна причина за веројатно најбруталното светско успорување на сообраќајот.