Вести, забава, спорт...

Ново Лисиче и Аеродром в сабота ќе останат без вода

Поради реконструкција на водоводна мрежа и замена на цевка ф-500 мм на кружниот тек на улица Христо Татарчев со булевар Србија, в сабота без вода ќе бидат корисниците од висока зона на Ново Лисиче и Аеродром од 8 часот до санирање.

За сите дополнителни информации од ЈП „Водовод“ ги повикуваат граѓаните да се информираат на телефонскиот број 023073010.