Вести, забава, спорт...

Потпишан договор за изградба на фекална канализaција во Арачиново

Во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање министерот Садула Дураки денеска потпиша договор со претставникот на Друштвото за градежништво, транспорт, трговија и услуги ЈУ-БАЈ од Скопје. Договорот се однесува за изведбени работи за изградба на дел од фекална канализација во село Арачиново, кои ќе се реализираат согласно со основниот проект за фекална канализација. Вредноста на договорот изнесува околу 35 милиони денари.

Со проектот се предвидува изградба на примарна канализациска мрежа составена од 7 основни и 5 помошни краци со должина од 3. 030 метри од кои Министерството за животна средина и просторно планирање ќе ја реализира изградбата на Крак 4 и Крак 7.

(Макфакс)