Вести, забава, спорт...

Познатата пејачка на операција – морало да и се трансплантира бубрег

Популарната американска пејачка Селена Гомез откри дека летово имала трансплантација на бубрег, а дека донор ѝ била најдобрата пријателка.

Таа на „Инстаграм“ објави дека се повлекла од јавноста затоа што имала операција и дека подолго време закрепнувала.

Селена страда од лупус, опасна болест која доведува до воспаление на разни органи, вклучувајќи ги и бубрезите. Нејзината здравствена состојба се влошила и ѝ била неопходна трансплантација.

„Немам зборови со кои можам да ѝ се заблагодарам на прекрасната Франција Раиса. Таа ми го даде најголемиот подарок во животот“, напишала Гомез.