Вести, забава, спорт...

Пејачот Виктор Постолов ќе гради соло кариера во најголемата српска продукција

Виктор Постолов, атрактивниот кочанчанец кој балканската публика го запозна преку одличната изведба на хитот „Није свеједно“ од Амадеус Бенд во минатогодишната сезона на „Пинковите ѕвезди“ продолжува да гради соло кариера во најголемата српска продукција.

Имено, македонскиот пејач Виктор Постолов успешно ја премина првата пречка и освои максимални бодови на аудицијата во Скопје за новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, а со тоа и директно се пласираше во првиот круг на реномираното музичко шоу.

Снимањата за новата сезона започнуваат од денеска, а многу наскоро гледачите ќе можат да го проследат и првиот настап на Постолов под чадорот на најголемата српска продукција „Гранд“.

Талентираниот музичар Виктор Постолов (22) студира Музичка теорија и педагогија на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На музичката сцена прв пат се појавува при Потрагата по ѕвезда на „М2“ продукција, а минатата година беше дел од „Пинковите ѕвезди“. Во шоуто доби голем број на позитивни коментари од жирито, додека српските медиуми го поврзуваа со Дара Бубамара. Постолов настапува заедно со музичката група Театро Бенд низ цела Македонија.