Вести, забава, спорт...

Порнографијата им го уништува сексуалниот живот на мажите

Претераното уживање во порнографски содржини влијае на либидото на мажите и го зголемува ризикот од сексуална дисфункција, покажува новото истражување. Проучувајќи 312 машки учеснии, стари помеѓу 20 и 40 години, истражувачите пронашле блиска врска помеѓу претераната употреба на порнографија и сексуалната дисфункција.

 

Имено, тие откриле дека околу 20 отсто од мажите гледаат порнографски содржини три до пет пати неделно.

Речиси четири проценти од испитаниците отворено признале дека преферираат мастурбација во однос на сексуален однос со партнерката.

Резултатите се објавени на 112 годишниот состанок на Американскиот сојуз на уролози.

Лидерот на истражувањето Метју Крајстман од Медицинскиот центар во Сан Диего заклучува дека за многу мажи интимниот однос станал голем предизвик.