Вести, забава, спорт...

Скопје: Викендов прскање против комарци

Градот Скопје извести дека авионската и терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се одвива овој викенд, како и во текот на следната недела.

Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје ќе се одвива викендов во раните утрински часови, а терестричната дезинсекција ќе се одвива од недела до четврток во период од 23 до 4 часот наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Град Скопје ги известува пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.