Вести, забава, спорт...

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ: Се огласи и НАСА во врска со крајот на светот

Повеќе пати годишно теоритичарите на заговори „предвидуваат“ крај на светот, а сѐ почести се верувањата дека на Земјата ќе и пресуди планетата Нибиру која ќе не погоди на 23 септември.

Верувале или не, морала да се огласи и НАСА со официјално соопштение во кое објаснува дека планетата Х или Нибиру не постои и со самото тоа не претставува опасност по Земјата.

-Голем број на луѓе наводно предвидуваат дека на 23 септември ќе се случи судир на Земјата со извесна планета Нибиру. Таква планета не постои и со самото тоа не може да удри во Земјата. Во прашање се теории на заговор кои кружат на интернет, а за кои не постои ниту фактична основа. За таква планета навистина да се упатува кон Земјата, таа би била забележана пред повеќе од една деценија и досега веќе би била видлива со голо око на небото. Нема никакви докази, ниту научни основи за овие тврдења“, стои во официјалното соопштение на НАСА.

Инаку, планетата Нибиру веќе неколку пати требало да „удри“ во Земјата – од 2003 до 2012 нејзиниот удар е најавуван неколку пати, а ова не е првпат НАСА да реагира по ова прашање.