Вести, забава, спорт...

Отворен ден во „Акција Плус“ – Ресен

Здружението за локален развој „Акција Плус“ – Ресен ве поканува на Отворен ден на 26.09.2017 во канцеларијата на Акција Плус на Ул. Гоце Делчев бр. 23 – Ресен од 10 до 17 часот.

„Акцијата е основен клуч за сите успеси!“

„Сите промени кои ги предизвикавме и ги предизвикуваме, големи и мали, се само дел од сложувалката наречена „граѓанско општество“.

Отворениот ден е можност за посетителите непосредно во разговор со тимот на организацијата и волонтерите, и преку презентации и проекции да се запознаат со дејноста на организацијата, нејзината мисија, визија и реализирани активности.

На посетителите преку забавен и интерактивен начин ќе им се пренесат залагањата, предизвиците, проектите и досегашни постигнувања на здружението.

Денот е наменет за сите ресенчани особено младите и преставува убава можност, за сите оние кои сакаат да дознаат нешто повеќе за работата на Акција Плус Ресен, и нејзнините цели и програми.

Се надеваме дека на сите посетители, ќе можеме да им ја пренесеме нашата цврста верба во активизмот, и неформалното образование, како алатка која придонесува кон дооформување на секој млад човек, да придонесува кон подобро општество.

Вашето присуство на отворениот ден на Здружението за локален развој Акција Плус Ресен, за нас ќе претставува особена чест.

Бидете дел од отворениот ден, покажете ја вашата желба за промени!“ – се вели во соопштението на „Акција Плус“.