Вести, забава, спорт...

Северна Кореја: Доналд Трамп е ментално пореметен, нападот на американско копно е неизбежен

Министерот за надворешни работи на Северна Кореја го нарече претседателот на САД Доналд Трамп “ментално пореметен човек полн со мегаломанија” и порача дека нападот на американското копно е “неизбежен”, во говорот што го одржа на Генералното собрание на Обединетите нации.

Говорот на Ри Јонг Хо започна откако Пентагон објави дека американски бомбардери и борбени авиони летаат најблиску до севернокорејската демилитаризирана зона во овој век.

Во говорот пред Генералното собрание денес Ри оцени дека “никој друг освен Трамп не е во самоубиствена мисија” и вети дека навредите на претседателот ја прават “посетата од нашата ракета на копното на САД неизбежна”.

Највисокиот дипломат на Северна Кореја го нападна Трамп, велејќи дека претседателот “ја претвори Белата куќа во бучно место за маркетинг полно со звуци на абакуси, а сега се обидува да ги претвори И ОН во гангстерска мрежа каде што се почитуваат парите а крвопролевањето е на агендата на денот “./Макфакс