Вести, забава, спорт...

Што се случува? Американски нуклеарни бомбардери прелетуваат на брегот на Северна Кореја

Американски нуклеарни бомбардери прелетале источно од брегот на Северна Кореја во меѓународниот простор поради демонстрација на воените можности на САД, соопшти Пентагон.

Бомбардери B-1B во придружба на борбени авиони F-15C влетале во меѓународниот воздушен простор од источниот брег на севернокорејскиот полуостров.

Тоа е најсеверниот дел на Северна Кореја над кој кој летал некој американски авион, се додава во соопштението.

Оваа воена интервенција имала за цел да демонстрира сила и моќ на американските воени сили со кои располага Доналд Трамп, изјавила портпаролката на Пентагон Дејна Вајт.