Вести, забава, спорт...

Русија се закани со блокада на Фејсбук

Руската федерална служба за надзор на комуникации се заканила со блокада на социјалната мрежa Фејсбук идната година доколку таа компанија не ги почитува руските закони за интернет.

Александар Жаров, директор на руското медиумско регулаторно тело Роскоманадзор, изјавил во вторникот дека ќе работи на тоа да Фејсбук се усклади со законот за лични податоци.

Законот за интернет во Руисја им налага на странските компании да им ги достават на властите личните податоци на корисниците.

Жаров изјавил дека руската Влада го разбира фактот дека Фејсбук е „единствена платформа“, но предупредил дека нема да прави никакви исклучоци и дека ќе мора да го блокира Фејсбук наредната година доколку американската компанија не го поддржи законот.