Вести, забава, спорт...

Почина Хју Хефнер, основачот на „Плејбој“

Основачот на магазинот „Плејбој“, Хју Хефнер, починал синоќа во својот дом, пренесуваат светски медиуми и агенции.

Како што соопштија од неговата компанија „Плејбој ентерпрајзис“, Хефнер „починал мирно во топлината на својот дом“ на 91-годишна возраст. Исто така се наведува дека тој починал од природна смрт.

Хефнер помогна во ширењето и јакнењето на сексуалната револуција во шеесеттите години од минатиот век со својот магазин „Плејбој“. Со магазинот контроверзниот Хефнер изгради бизнис-империја.

Хефнер е роден во Чикаго, а започнал да работи како новинар во „Ескваер“. Благодарение на магазинот „Плејбој“ стана милионер, а неговата нето вредност во време на неговата смрт се проценува на 43 милиони долари.

Хефнер бил политички активист, филантроп кој бил активен по низа јавни прашања. Бил ветеран од Втората светска војна.

Првиот број на „Плејбој“ излегол во 1953 година, а на насловната страница била гола фотографија на актерката Мерлин Монро. Магазинот е продаван за 50 центи и е објавен без датум во случај да нема второ издание. Првото издание било распродадено за неколку недели. н.ц.