Вести, забава, спорт...

Хју Хефнер уште пред 25 години одлучил да биде погребан до Мерилин Монро

Веста дека основачот на „Плејбој“, Хју Хефнер, сакал да биде погребан до Мерилин Монро ја размрда јавноста. За некои неговиот живот во озлогласениот замок со многу жени беше заговор за хедонизам и сексуален вишок, пишува Би-би-си. Тој во животот беше опколен од харем со преубави жени, а во смртта ќе лежи до само една жена – иконата на Холивуд, Мерилин Монро.

Хефнер, кој вчера почина на 91-годишна возраст, уште во 1992 година си купил гробно место до Монро, и тоа за 75.000 долари.

Ситуацијата го подели јавното мислење, при што некои на тоа гледаат како на убав гест, а други на непријатен упад. Фановите на Хефнер на социјалните медиуми го пофалиле за почитување на Монро – неговата прва девојка која почина во 1962 година. Но, други, пак, велат дека додека Хефнер го промовирал својот бренд и животен стил, зад грбот на првиот „Плејбој“ во декември 1953 година, Монро била засрамена од фотографиите што се појавија од неа и се плашела за својата кариера.

Таа се согласила да се претстави голa како млада жена, малку со глума и очајна за пари, за што добила 50 долари за надоместоци за моделирање.

Четири години подоцна Хефнер ја платил калифорниската компанија за календари за 500 долари за да ја покаже Монро гола само со радио на себе и продал 50.000 списанија речиси преку ноќ.(Макфакс)