Вести, забава, спорт...

Легендарната руска компанија за оружје „КАЛАШНИКОВ“ претстави летечки дрон со кој управува човек! Вакво чудо се уште не сте виделе! (ВИДЕО)

Концернот Калашников стекна светска слава по легендарната пушка Ак-74, но во иднина би можел да биде познат и по едно возило.

Имено, Калашников претстави концепт на „летечки автомобил“, а снимката од пробниот лет е објавена на интернет страницата на компанијата.

Летечкиот автомобил се движи со помош на осум елиси кои се поставени долж целата шасија.

Оваа пробна конструкција е предвидена за само едно лице, возачот, но во иднина бројот на патници би можел да биде поголем, велат од компанијата.

Возачот управува со „летечкиот автомобил“ така што преку џојстик го менува аголот на елисите. Елисите ги придвижуваат мотори кои се напојуваат од акумулатори па летечкиот Калашников не ја загадува околината.