Вести, забава, спорт...

Новото американско оружје е смрт за дроновите: Тајната е во „невидливите“ ласерски зраци

Познатата американска компанија „Lockheed Martin“, која се занимава со конструирање и производство на воени авиони и одбранбена технологија, неодамна објави снимка од тестирање на новиот ласерски систем „Athena“.

Тоа оружје е наменето за борба против непријателски дронови, кое може да се сруши со „невидливи“ ласерски зраци.

За време на тестирањето, кое минатиот месец е одржано во Ново Мексико, прототип на новото ласерско оружје успешно срушил дури пет беспилотни летала.

„Athena“ е многу тивка додека дејствува. Нејзините погодоци предизвикале губење на контролата, потоа пад и уништување на дроновите.