Вести, забава, спорт...

Домашни пишкоти

Одлични се со кафе или чај, но и како состојка во бројни десерти.

Состојки:

4 јајца
150 гр шеќер
110 гр брашно
1/2 лажичка прашок за печиво

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Одвојте ги белките и жолчките. Во сад разматете шам од белки, а потоа постепено додајте 2 лажици шеќер. Во друг сад измешајте жолчки со остатокот од шеќерот. Мшајте додека не стане густо.

Просејте го брашното и прашокот за печиво, додајте половина од шамот од белки во мешавината со жолчки, а потоа измешајте го и брашното. На крај додајте ги останатите белки и полека измешајте.

Смесата ставете ја во шприц за филување и нанесете го саканиот облик на хартија за печење. Печете околу 8 минути.

Уживајте!