Вести, забава, спорт...

Крцкави слатки колачиња! Не ви треба ништо освен овој десерт!

Пробајте го овој неодолив десерт и животот сигурно ќе ви биде посладок…

Состојки:

170 гр црно чоколадо (со 70 отсто какао прав)
130 гр путер
250 гр мини целувки
екстракт од ванила
3 шолји оризови снегулки

Состојки за прелив:

3 лажици концентрирано млеко
2 лажици путер од кикирики
2 лажици павлака за готвење
4 лажици шеќер во прав

Начин на подготовка:

Во тенџере растопете чоколадо и путер на умерена температура, па измешајте мини целувки и екстракт од ванила и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Потоа тргнете го тенџерето од оган, додајте оризови снегулки и добро соединете.

Подготвената смеса ставете ја во плех обложен со масна хартија, израмнете ја површината, оставете да отстои во фрижидер 2-3 часа и потоа засечете на парчиња.

Во огноотпорен сад измешајте млеко, путер и крем павлака и матете додека не добиете хомогена смеса. Потоа загрејте на умерена температура, измешајте шеќер во прав, почекајте да се излади и прелијте преку парчињата.

Уживајте!