Вести, забава, спорт...

Пица со туна

Ако ви здосади пицата со шунка, кулен или врат, тогаш подгответе вкусна пица со туна од конзерва.

Состојки:

тесто за пица
300 мл слатка павлака
100 гр сирење Ајдамер
3 лажици сок од лимон
1 лажица зачин
бибер
250 гр туна
100 гр кромид
50 гр црни маслинки
1 лажица сечкан магдонос

Начин на подготовка:

Слатката павлака зовријте ја, додајте рендано сирење, зачин, бибер и сок од лимон, па гответе на слаб оган 1-2 минути, а потоа малку изладете.

Развлечете го тестото и ставете го на намастен лим.

По тестото распоредете го подготвениот сос, ставете туна, кромид сечкан на кругови и маслинки.

Пицата печете ја во печка загреана на 220 стпени 15 минути.

Печената пица посипете ја со магдонос.

Добар апетит!