Вести, забава, спорт...

Супер идеја за ручек: Неодоливи ражничи

Едноставно, а превкусно јадење!

Состојки:

8 долги гранчиња рузмарин
2 истолчкани чешниња лук
1 лажичка рендана кора од лимон
1 лажичка чили во прав
1/4 шолја маслиново масло
морска сол
свежо мелен црн бибер
1.2 кг свинско месо исечкано на коцки

Начин на подготовка:

Отстранете ги ливчињата од гранчињата рузмарин, но оставете 4 сантиметри ливчиња на врвот. Остатокот оставете го на страна.

Наострете го другиот крај на гранчињата со нож.

Останатиот рузмарин ставете го во блендер и додајте лук, кора од лимон, масло, сол, бибер и фино изблендирајте.

Месото ставете го во сад и додајте му половина од маринадата од рузмарин, па маринирајте го десетина минути.

Печете по 6 минути од секоја страна. Ражничите се готови кога од надвор имаат убава кора.

Послужете со остатокот од маринадата.

Добар апетит!