Вести, забава, спорт...

Вкусен и брз ручек: Мелено месо со зеленчук од тава

Едноставно и лесно јадење кое ќе го подготвите за миг!

Состојки:

500 гр ситни компири
300 гр мелено месо
4 лажици масло
1 главица кромид
1 помала свежа пиперка
1 помал морков
сол
бибер
пипер
магдонос
1 чешне лук

Начин на подготовка:

Ситно исечкајте ги лукот, морковот и пиперката, па пржете на загреано масло, додајте мелено месо, сол, бибер, пипер, динстајте десетина минути, додајте испасиран лук, измешајте и тргнете ја тавата на страна.

Излупете ги компирите, исечкајте ги на кругови и пржете ги поклопени со повремено мешање 15-20 минути.

Додаје го месото во компирите, измешајте и пржете уште пет минути. Послужете со сезонска салата.

Добар апетит!