Вести, забава, спорт...

Намаз од печени пиперки и ореви

Пикантно лут намаз со необична состојка – ореви.

Состојки:

800 гр големи црвени пиперки
1 лута пиперка феферони
2 чешниња лук
сок од половина лимон
50 гр ореви
прстофат мелен ким
1/2 лажичка сол
50 мл маслиново масло
30 гр презла

Начин на подготовка:

Пиперките добро измијте ги, избришете ги и ставете ги на решетка во рерна која сте ја загреале на 200 степени. Печете 50 минути со повремено превртување.

Печените пиперки излупете ги и исчистете ги од семки. Иситнете ги исчистените пиперки, лутата пиперка, лукот, додајте сок од лимон, ким и претходно благо пропечени ореви. Кога смесата ќе стане глатка додајте сол, маслиново масло и презла, уште малку измешајтеи намазот е готов.