Вести, забава, спорт...

Оригинален рецепт за срнечки грб: Нема кој не го обожава овој колач!

Ова е познатиот колач со мек бисквит од чоколадо, многу бадеми, прелиен со чоколадна глазура…

Состојки:

150 гр путер
300 гр шеќер
4 јајца
100 гр чоколадо
50 гр брашно
2 кесички пудинг од чоколадо
1 лажичка прашок за печиво
2 лажици млеко
100 гр бадеми
30 гр какао
малку вода

Начин на подготовка:

Во добро измешаниот путер додајте 150 гр шеќер, јајца и чоколадо. Во измешаната маса додајте брашно, прашок за печиво и прашок за чоколаден пудинг. Ставете млеко за тестото тешкои да се одвојува од лажицата. На крај додајте 50 гр мелени бадеми.

Во намастен плех ставете го тестото и печете го на температура од 200 степени околу 50 минути. За глазура измешајте какао, 150 гр шеќер и вода во густа и глатка маса. Во неа додајте растопен и густ путер. Изладениот колач прелијте го со глазура од какао. На крај колачот украсете го со 50 гр излупени и по должина пресечени бадеми.

Послужете и уживајте!